fbpx

Огромна тага! Се самоуби момчето по кое жените воздивнуваа, фановите во шок

Се самоуби Џеф Томас, модел и манекен со интернационална кариера, јави „ТМЗ“.

Полицијата се’ уште истражува. Трагичниот настан се третира како самоубиство, но резултатите од обдукцијата за конечната причина за смртта допрва ќе бидат објавени.

Телото на 35-годишниот Томас било пронајдено откако тој наводно скокнал од балконот на неговиот стан во Мајами.

Важеше за вистинска ѕвезда во модната индустрија. Беше исклучително популарен на социјалните мрежи. Само на „Инстаграм“ имаше повеќе од 120.000 следбеници.

Неговите фанови се во шок.

„Прерано! Ова е хорор! Почивај во мир, добар човеку“, се дел од нивните коментари.

Следни Објави

Жена почина од конзервирана храна која често ја купуваме: Направила кобна грешка

Жена од рускиот град Волгодонск починала како последица на труење од конзервирана печурка, објави на 13 март руската агенција за права на потрошувачите Rospotrebnadzor, пренесе локалниот портал „Дондај“. Трагедијата се случила откако жртвата ги отворила и ги изела „домашните печурки“. По кратко време ѝ се слошило, а кога дошла во […]