fbpx

Проговори мајката на починатиот средношколец: Потресно сведочење за Јован

„Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно

Шокантно тврдење на универзитетската професорка Виолета Ачкоска вчера ја вознемири македонската јавност, откако таа на својот фејсбук-профил објави дека гимназијалец починал под сомнителни околности.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства.. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша проф. д-р Ачкоска на социјалните мрежи.

По ова нејзино излагање, се огласи Сузана Тренчевска која тврди дека е мајка на починатото дете.

„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел, момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка не успеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во еден од коментарите под објавата.

Нејзините пријатели денеска цел ден ѝ изразуваат сочуство. Бараат да не се прикрива вистина, институциите да не молчат, туку веднаш да истражат што точно се случило.

„Сузе, нема зборови што можат да се кажат или изговорат што би ја намалиле болката на еден родител. Треба да сте многу силни за да можете да живеете со оваа болка“, ѝ напишаа пријателите на „Фејсбук“.

Следни Објави

За ова досега молчеше: Џамбазов ја откри тажната вистина

„Добро сум, благодарам. Јас сум, сепак, човек што не е во цутот на младоста. Во животот веќе немам време за разочарување и тагување. Сфатив дека работата ми е единствената терапија“, вели Игор Џамбазов запрашан како го преживува разидувањето со нашата врвна алпинистка Илина Арсова. Легендарниот актер и шоумен во интервју […]