fbpx

Жена почина од конзервирана храна која често ја гледаме во продавници: Направила кобна грешка

Жена од рускиот град Волгодонск починала како последица на труење од конзервирана печурка, објави на 13 март руската агенција за права на потрошувачите Rospotrebnadzor, пренесе локалниот портал „Дондај“.

Трагедијата се случила откако жртвата ги отворила и ги изела „домашните печурки“. По кратко време ѝ се слошило, а кога дошла во болница лекарите констатирале дека има ботулизам. За жал, таа починала кратко по приемот.

Ботулизмот е акутно труење со храна кое содржи ботулински невротоксин, производ на бактеријата Clostridium botulinum. Се јавува кога се консумира храна која не е доволно термички обработена, што овој пат се случило со конзервата печурки.

Бидејќи ботулизмот е многу смртоносен, се препорачува да се избегнува купување на конзервирана или пушена храна на пазарот од непроверени продавачи. За да се избегне труење, потребно е потенцијално опасната храна дополнително да се готви пред јадење, што починатата жена не го направила.

Следни Објави

Дали е грешен човекот кој не пости? Отец Гојко дава конкретен одговор на ова тешко прашање

Во тек е големиот Велигденски пост и бидејќи истиот трае околу 50 дена, многумина се откажуваат. На прашањето „Дали е грешен човекот кој не пости, отец Гојко Перовиќ тоа вака го објаснува. „Ние постојано живееме во грев. Толкава е нашата приврзаност кон храна, одмор, релаксација, што од тоа правиме идоли.. […]