fbpx

Момче голтнало 56 жилети, неговата реакција ги шокирала лекарите: Еве како останал жив

Лекарите од Индија пријавиле бизарен инцидент кога 25-годишен маж проголтал 56 сечила за бричење, пренесува тамошниот портал „Times Now News“. Сечилата на крајот биле отстранети од хирурзите, но пациентот не ја навел причината за неговата луда постапка.

Јашпал Синг од селото Дата во Раџастан бил примен во болница откако почнал да повраќа крв. Сметководителот живеел со четворица цимери, но бил сам дома кога состојбата нагло му се влошила.

Бргу ги известил пријателите кои го однеле во болница. По пристигнувањето во приватната клиника во Санчоре, д-р Нарси Рам Деваси направил рендген. На негово изненадување, во стомакот на пациентот било видливо присуство на метал.

За подобро да го разбере проблемот, лекарот направил сонографија и ендоскопија. Тестовите јасно покажале дека мажот има метални сечила во стомакот. Веднаш била извршена операција и од неговиот стомак биле извадени 56 жилети. Лекарот изјавил дека младиот човек е во стабилна состојба.

Пациентот ги изел сечилата со обвивките на нив. Иако поради хартијата на почетокот не чувствувал болка, ниту пак имал крварење додека јадел, како истата се распаѓала во стомакот, така тегобите почнувале да се интензивираат. Како резултат на тоа, се формирале гасови и пациентот почувствувал гадење.

Докторот додал дека пациентот ги скршил сечилата на два дела пред да ги изеде. Роднините изјавиле дека тој се однесувал нормално и дека не ја знаат причината за неговата постапка. Синг се’ уште молчи за инцидентот.

Следни Објави

Жена со инвалидитет со потресно сведоштво: Отидена во Скопје по болници, тоа што ѝ се случило е срамота!

Денес сум толку изреволтирана, толку дискриминирана, толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка, ај да кажам и зошто. И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот, наместо ова наше општество (ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како […]