fbpx

Падна одлука! Средства ќе им бидат префрлени на ОВИЕ македонските граѓани, повисок прилив во април

Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 8,4%. Советот за социјална сигурност го усвои покачувањето според новата методологија за корекција на пензиите-50% од порастот на просечната плата и 50% од зголемените трошоци за живот.

Новото покачување на пензиите ќе им донесе 900 денари плус на корисниците на најниски пензии. Оние, пак, кои со највисоки пензии ќе добијат околу четири илјади денари плус.

Сојузот на пензионери ја поздрави одлуката, но укажа и на потребата од нов пакет финансиска помош за најранливите пензионери, доколку буџетот има таква кондиција.

„Бидејќи тие се краткорочни мерки, пензионерите бараат некои од тие права што им беа дадени, доколку има можност, да продолжат и понатаму. Ние како сојуз сме свесни дека сите предлози што се даваат треба да бидат и одржливи“, порача Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ.

Министерката за труд, пак, најави дека наскоро ќе се утврди и минимална пензија. Кој ќе биде прагот ќе се дискутира во иднина.

Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Од нив, најголем дел користат пензија до 20 илјади денари.

Следни Објави

По шест ќерки, Горан конечно доби син: Сопругата Кристина ја откри тајната

Горан Милутиновиќ е богат човек. Не материјално, туку духовно исполнет. Има три деца од првиот брак, а четири од вториот. Она што го прави дополнително интересен е тоа што по шест ќерки конечно доби син, иако, како што вели, воопшто не размислувал за тоа. „Сите велат дека не сум застанал […]