fbpx

Жена со инвалидитет со потресно сведоштво: Отидена во Скопје по болници, тоа што ѝ се случило е срамота!

Денес сум толку изреволтирана, толку дискриминирана, толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка, ај да кажам и зошто.

И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот, наместо ова наше општество (ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како лица со посебни потреби, тоа нас не удира по нос.

Отидени во Ск нормално по болници, на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места, колата означена со знак за инвалид, со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла, пратена порака.. ни ставаат блокада.. се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата, доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила, овие првично велат дека цитирам: „Aма вие сте од друг град“, ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам: „Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск, тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск”.. чудно ме гледа..

Второ велам: „Запознати со тоа што град Ск за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи, си пративме порака.. и покрај тоа пак блокада“.. На тоа ми одговара: „Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи“. Молам?!?! Кого и како правите будала!! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило, иако си од друг град/држава, па дури и да не платиш паркинг.. само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!

Се јавува батето во централа, прво чекаме едно 15 мин за да го решат „проблемов“, ѕвонат од таму чоекот си се трга настрана (за да не се слушне што се убедуваат) разговара едно 5мин.. се враќа и вели: „Од таму велат мора да си ја платите казната“..

Си кажавме уште некој работи на кој секако не се придаде важност, пошто се вадеа цело време со тоа дека они се само вработени и си ја работат работата.. не знам само која и каква работа кога како ќе им дојде така си тераат.. ама нејсе.

Море чоек, море човеци.. пошто не сте луѓе да ве наречам така, знам дека и до некаде не сте ни вие криви некој има и над вас ама да печалите на нас и згора да се иживувате.. има Господ тој е над сите.

Лута сум да.. никогаш јавно не сум се дрзнала да напишам ништо, иако ова е еден од многуте случаи со кој се соочуваме ние, третирани како граѓани од не знам кој ред.. прв сигурно не.. ама ова е веќе претерано.

Инаку казната си ја плативме да, ама да ви кажам дека повеќе нема да ќутам.. ова нема да остане вака..

Фејсбук-статус на Билјана Гаврилова Станковска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Падна одлука! Средства ќе им бидат префрлени на ОВИЕ македонските граѓани, повисок прилив во април

Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 8,4%. Советот за социјална сигурност го усвои покачувањето според новата методологија за корекција на пензиите-50% од порастот на просечната плата и 50% од зголемените трошоци за живот. Новото покачување на пензиите ќе им донесе 900 денари плус на корисниците на најниски пензии. Оние, пак, […]