fbpx

Огромна тага! Почина славниот актер на 60 години, пронајден е мртов во неговиот дом

Популарниот актер Ленс Редик е пронајден мртов во неговиот дом во Калифорнија околу 9 часот утринава, јавуваат американските медиуми.

Причината за смртта се’ уште не е позната, а властите ги истражуваат околностите. Се претпоставува дека во прашање е природна смрт.

Ленс беше на промотивна турнеја и требаше да се појави во едно популарно ток-шоу следната недела.

Последен пат се огласи на социјалните мрежи во средата наутро, кога сподели видео од својот дом каде ужива со кучињата.

Многумина беа збунети кога актерот неодамна не се појави на премиерата на филмот „Wick 4“ во кој има забележителна улога.

Ленс Редик се прослави со улогата во легендарната серија The Wire каде пет сезони го играше полицаецот од Балтимор Седрик Даниелс.

Една од последните улоги на популарниот актер е ликот на грчкиот бог Зевс во серијата Percy Jackson and the Olympians која допрва треба да излезе.

Следни Објави

Тажен ден во Македонија: Огромна загуба! Прерано нè напушти!

Уште еден живот прерано згасна Фатмир Меџити, новиот министер за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, сподели тажна вест. „Изразувам најдлабоко сочувство до семејството и најблиските за смртта на нашиот колега, д-р Горан Беговиќ. Неговата прерана смрт е голема загуба за здравството на терциерно ниво“, напиша министерот. Д-р Беговиќ […]