fbpx

По шест ќерки, Горан конечно доби син: Сопругата Кристина ја откри тајната

Горан Милутиновиќ е богат човек. Не материјално, туку духовно исполнет. Има три деца од првиот брак, а четири од вториот. Она што го прави дополнително интересен е тоа што по шест ќерки конечно доби син, иако, како што вели, воопшто не размислувал за тоа.

„Сите велат дека не сум застанал додека не се роди момчето, но тие што ме познаваат добро знаат дека не сум таков. Едноставно судбина ми била да бидам седумпати побогат и посреќен од многу други, ова богатство не би го менувал за милиони’“, раскажува Горан од српското село Прањани.

Кога се родил синот, се славело до доцна во ноќта, иако бил подеднакво среќен и кога на свет дошле неговите ќерки. Токму тие од корен му го промениле животот.

„Поради нив ги оставив сите пороци што ги имав, сметајќи дека треба да им бидам пример и да ги водам на вистинскиот пат. Едноставно, како родител верував дека тој што има шест девојчиња не треба да има лоши манири. Тие одлично се согласуваат и секогаш се тука да се грижат една за друга. Посебно најстарата ќерка, која веќе е на факултет, таа сега е голема поддршка за братчето Лазар“, вели овој горд татко.

Неговата сопруга Кристина успева да постигне се’ и покрај обврските околу четирите деца.

„Искрено, кога дознав дека сум бремена по четврти пат, бев во шок. Не можам да кажам дека беше страшно, но уште едно бебе во куќата, уште еден грч и никнување на забите, сето тоа ми помина низ глава. Кога отидов на вториот преглед, дознав дека носам момче, на што не можев да поверувам. Го прашав докторот дали е сигурен во тоа што ми го кажува, тој само се насмевна и кимна со главата“, открива Кристина.

Кога се венчале, не очекувале дека ќе станат родители четири пати, но со голема радост го прифатиле овој дар од Бога.

Фото: Принтскрин Рина

Следни Објави

Огромна тага! Почина славниот актер на 60 години, пронајден е мртов во неговиот дом

Популарниот актер Ленс Редик е пронајден мртов во неговиот дом во Калифорнија околу 9 часот утринава, јавуваат американските медиуми. Причината за смртта се’ уште не е позната, а властите ги истражуваат околностите. Се претпоставува дека во прашање е природна смрт. Ленс беше на промотивна турнеја и требаше да се појави […]