Сега малку ќе паузирам, но сакам да ми бидат уште поголеми, вели Андреа Иванова која дури 20 пати ги има зголемено усните.
Таа е од Бугарија и има 24 години, а трансформацијата ја почнала кога имала 20.
Вели дека секој третман ја чинел најмалку 200 евра, а досега ги посетила сите клиники за естетска корекција во Софија.
Иако докторите ѝ сугерираат дека треба да престане со интервенциите, таа не планира да застане.
Иванова е пресреќна со изгледот и се радува кога ја поистоветуваат со барбика.
– Секојдневно добивам комплименти од сите страни на светот. Има и такви коишто ме критикуваат. Најчесто се жени кои ми порачуваат да престанам со операциите и да побарам помош од психијатар – вели Андреа.