fbpx

Цела Југославија лудуваше по неа, почина на 42 години: Голема трагедија, се случи нешто морничаво

Првата пејачка на „Нови Фосили“, Ѓурѓица Барловиќ, беше една од најхаризматичните дами во поранешна Југославија. За нејзината прерана смрт во 1992 година и денеска се пишува.

Првиот настап го имала со само тринаесет години на еден детски фестивал, а првото позабележително претставување било во белградската забавна емисија „Образ на образ“ во 1974 година кога настапила со песната „Кад би био само мој“.

Иако запишала Средна градежна школа, Ѓурѓица знаела дека музиката е единствено нешто со што сака да се занимава.

Во 1982 година на разочарување на фановите таа ги напушта „Нови фосили“ за да му се посвети на семејството, а на нејзино место доаѓа Сања Долежал.

– Со момците од групата бевме заедно седум години. Се покажа дека таа година ни беше критична, исто како и во брак. Нема што многу да се зборува – изјави Ѓурѓица подоцна во едно интервју за РТВ Ревија.

Пејачката раскажа дека едноставно за многу работи не можеле да се согласат и одлучиле секој да продолжи на своја страна.

– Што се однесува до музиката, се’ беше како што треба. Не се сложувавме во однос на работната политика. Музиката имаше успех. Затоа не ми беше лесно да заминам во непознато – откри во истото интервју.

Барловиќ ја одобри нејзината замена, темпераментната Сања Долежал, за која изјави дека е млада, талентирана и неверојатно згодна.

Еден од основачите на „Нови фосили“. легендарниот хрватски музичар Рајко Дујмиќ, во една прилика ибразложи дека Ѓурѓица заминала тогаш кога работеле со најжестоко темпо.

– Неа семејството ѝ беше поважно од нас, од било какви пари. Таа беше родена за улогата мајка, сопруга, а сепак, беше врвна пејачка. Никогаш поради неа немавме откажано концерт, никогаш немаше проблеми со гласот. Беше со цврсто и стабилно здравје затоа и ме изненади нејзината прерана смрт. Денот кога почина, сакате верувајте или не, сите саати во мојот стан застанаа. Покасно слушнав за нејзината смрт – раскажа покојниот Дујмиќ.

Ѓурѓица почина од акутен инфаркт во болницата во Задар, оставајќи ги позади себе сопругот и двата сина. Имаше само 42 години.

Како соло-пејачка издаде дури четири албуми кои се’ уште солидно се продаваат. Ќе остане запаметена и по нејзината хуманитарна работа.

Следни Објави

Шокантни сознанија за еден од убиените во Скопје: За ова досега се молчеше

Еден од ликвидираните во Старата скопска чаршија во инцидентот на 6 март кој сериозно ја вознемири македонската јавност бил осомничен за убиство. Тој бил еден од повеќето осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, пишува NH Nieuws. Енес Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година среде […]