fbpx

Неочекуван пресврт: Нови сознанија за починатото момче од Радовиш

Веќе два дена во македонските медиуми топ-тема е ненадејната смрт на 20-годишниот В.А. од Радовиш.

Денеска се објавени шокантни сознанија за случајот кои фрлаат нова дамка на настаните.

Според информациите до кои стигна „Фокус“, момчето починало од преголема количина кокаин која ја проголтало за да ја сокрие од полицијата. За колкава количина точно станува збор, одговор треба да даде обдукцијата, пишува порталот.

При претресот во неговиот дом била пронајдена марихуана, соопшти полицијата. Додека траело апсењето на момчето му се слошило и било однесено во штипската болница, но веќе било доцна. Неговите витални функции престанале да фунцкионираат, а не помогнале ниту обидите за реанимација.

„Момчето е донесено во болница без знаци на живот. Направена му е реанимација, но без успех. Констатирана е смрт“, изјавија вчера од Клиничката болница во Штип.

Следни Објави

Андреа 20 пати ги зголеми усните, не планира да престане (ВИДЕО)

Сега малку ќе паузирам, но сакам да ми бидат уште поголеми, вели Андреа Иванова која дури 20 пати ги има зголемено усните. Таа е од Бугарија и има 24 години, а трансформацијата ја почнала кога имала 20. Вели дека секој третман ја чинел најмалку 200 евра, а досега ги посетила […]