Енергичното и секогаш насмеаното девојче станало летаргично и уморно. Се пожалила на болки во стомакот, па качила температурата 39 степени
„Веднаш сфатив дека нешто не е во ред со ќерка ми. Го изгуби вообичаениот сјај во очите, изгледаше безживотно“, сведочи нејзината мајка.
Кога си го земала чедото од градинка забележала дека е во депресија и дека не се чувствува добро. Од час во час состојбата ѝ се влошувала. Немала енергија, дремела, а погледот ѝ бил отсутен.
Драматичната приказна ја раскажа Британката Шарлот Вингфилд, мајката на тригодишната Бруклин-Маи. Жената забележала дека нејзината ќерка е болна откако се вратила од градинка. Малото девојче не склопило очи цели 22 часа, а потоа нагло заспало додека си играло. Качила висока температура.
Енергичното и секогаш насмеаното девојче станало летаргично и уморно. Загрижената мајка му се јавила на матичниот лекар за совет. Ѝ рекол дека можеби е вирус. Три дена подоцна конечно била откриена вистината.
Причината за страшните тегоби на тригодишното дете била… Чоколадно јајце! Ова мало слатко задоволство контаминирано со бактерии. Наодите потврдиле дека детето е заразено со салмонела.
„Бруклин-Маи се опорави, но е исцрпена од болеста, а понекогаш и температурата ѝ се враќа. Помина една недела од труењето, но ефектите се’ уште се присутни. Се’ уште се жали на болки во стомакот“, вели нејзината мајка и апелира до родителите да ги фрлат чоколадните јајца доколку мислат дека нешто не е во ред со нив.
Минатата недела во Велика Британија, производителот на кондиторски производи Фереро повлече неколку серии од своите производи од полиците поради страв од контаминација со опасна бактерија.
Салмонела е откриена во една од фабриките на Фереро во Белгија. Иако фабриката сега е затворена, илјадници чоколади се пуштени во продажба, вклучително и во Франција, Германија и во Белгија.