fbpx

Нови снимки од спасувањето на бебето: Баба со внукот скокна во река, ѝ немаше спас (ВИДЕО)

Нова трагедија денеска го вознемири регионот, откако старица со машко бебе скокна во реката Морача.

Детето е извлечено, а 62-годишната жена се удави, соопшти црногорската полиција.

Според првичните сознанија, најверојатно се работи за самоубиство.

Денеска околу 11:20 часот полицијата била известена дека во реката биле забележани жена и бебе. „Побједа“ објави дека работниците на градското претпријатие „Зеленило“, Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак, го извлекле и го спасиле бебето од Морача кај Подгорица. Тие извршувале редовни работни активности во близина на мостот Блаж кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

Бебето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја истисне водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот. На местото се нашол и фотограф од „Побједа“ кои ги затекнал момчињата додека го извлекуваат бебето.

Следни Објави

Тага во Холивуд! Почина славниот актер, неговата ќерка едвај изговори два збора

Актерот Пол Грант почина на 57-годишна возраст, пишува „The Sun“. Тажната вест ја потврди неговото семејство, а според информациите, актерот во неделата бил симнат од апарати кои го одржувале во живот. Грант бил хоспитализиран во четвртокот кога полицијата го пронашла онесвестен пред станицата Кингс Крос, најверојатно од мозочен удар. „Уништена […]