fbpx

Се разбуди од кома по 19 години: Со два збора веднаш ѝ се обрати на мајка си (ВИДЕО)

Тери Волис, човекот кој се прослави како „мажот кој спиеше 19 години“, почина лани во април опкружен со пријателите и семејството во болница, само една недела пред неговиот 58-ми роденден.

Тери доживеа страшна несреќа само шест недели по раѓањето на неговата ќерка Амбер во јули 1984 година. Неговиот камион излета од мост и заврши во поток. Тери подоцна беше пронајден, но не реагираше на било какви дразби и неговиот камион, кој се преврте во суво речно корито, беше срушен од оградата откако падна од речиси седум и пол метри.

Несреќата го претвори таткото во тетраплегичар. По една година од несреќата, состојбата на Волис се стабилизирала, состојба за која лекарите верувале дека е трајна. Меѓутоа, пркосејќи им на сите медицински очекувања, Волис се разбудил во 2003 година и ја замолил мајка си за својот омилен пијалок. Отпрвин тој изустувал само едноставни зборови како „млеко“ и „мама“, но подоцна можел да кажува цели реченици, за на крајот комплетно да ја поврати способноста за говор, откако неговиот мозок се опоравил од речиси фаталниот судир.

Волис дури во дадени моменти успевал да поместува одредени делови од телото, иако останал трајно инвалид како последица од повредите.

Семејството на Волис го опиша неговото будење како „чудо“ во тоа време и не ги криеше емоциите при неговото закрепнување наспроти сите шанси. Се верува дека непоколебливата поддршка и грижата на неговите најблиски придонела Волис да излезе од кома. Тој стана предмет на опширно медиумско покривање, а весниците и медицинските написи го нарекуваа „Мажот кој спиел 19 години“.

Откако неговиот мозок бил скениран во медицинскиот центар во Њујорк, научниците дојдоа до заклучок дека „најверојатно неговиот мозок повторно ги преврзал невроните кои останале недопрени и формирале нови врски за да ги заобиколат оштетените области“.

Кога почина, на неговиот некролог напишаа: „Волис уживаше да јаде во секое време. Уживаше да слуша музика во живо, сакаше да пие Пепси и имаше прекрасна смисла за хумор“.

Волис позади себе ги остави сопругата Сенди и ќерката Амбер. Неговата мајка почина во 2018 година.

Следни Објави

Нови снимки од спасувањето на бебето: Баба со внукот скокна во река, ѝ немаше спас (ВИДЕО)

Нова трагедија денеска го вознемири регионот, откако старица со машко бебе скокна во реката Морача. Детето е извлечено, а 62-годишната жена се удави, соопшти црногорската полиција. Според првичните сознанија, најверојатно се работи за самоубиство. Денеска околу 11:20 часот полицијата била известена дека во реката биле забележани жена и бебе. „Побједа“ […]