fbpx

Имаше четири бајпаса, оперираше и тумор, но не се жалеше: Мешко велеше дека Скопје го лечи од сите болести

По долго боледување, во Америка почина актерот Димче Мешковски.

Доајенот на македонското глумиште со сопругата живееше во Санта Моника, САД. Најголемата причина за неговата преселба од другата страна на Атлантикот беше неговата внука Леона од ќерката Јасна, но, како што самиот изјави во една прилика, и напредната медицина која му ги олеснувала здравствените проблеми.

Славниот Мешко пред неколку години беше во татковината и откри дотогаш непознати детали за неговата здравствена состојба. На шега прокоментира дека Скопје го лечи од сите болести.

„Мислам дека ќе ни треба три интервјуа за да ви раскажам за моите болести. Имам четири бајпаса, имам проблем со колкот кој ми е два пати опериран, потоа паднав од велосипед па ја скршив коска на бутот, и сега сум инвалид од колкот. Оперирав паратироидна жлезда, опасен некој тумор беше. Па, имам преживеано мозочен удар, тежок артритис, витилиго, одам на дијализа, ми откажаа бубрезите. Оперирав и хранопроводник и така уште неколку болести, не можам сега сите да ги набројувам, и не сакам да се жалам“, раскажа тој во интервју за „Женски магазин“.

Димче Мешковски починал мирно во својата фотеља додека бил заедно со својата сопруга, откри водителката на шоуто „Брза кујна“, Сања Савевска, инаку блиска пријателка на семејството.

Следни Објави

Навиваше за мене и кога не требаше: Џамбазов скршен од болка

Колегите и блиските пријатели се простуваат од легендарниот македонски актер Димче Мешковски кој почина вчера по долго боледување. Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов напиша трогателна посвета. „Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага.. Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, […]