fbpx

Најверојатно умирам: Славниот актер откри дека е тешко болен, вака го поминува денот

Ѕвездата на научно-фантастичниот филмски хит „Паркот Јура“, Сем Нил, во своите мемоари „Дали некогаш го кажав ова? откри дека има леукемија и дека терапиите што ги прима не му делуваат.

Сем се навраќа на најважните моменти во кариерата, зборува за тоа што навистина значи да се биде славен, за животот во Нов Зеланд, но и за смртта.

Актерот ја започна својата книга со шокантна приказна каде во првото поглавје пишува дека „најверојатно умира“

„Најверојатно умирам, ќе морам да го забрзам ова“, вели во интервју за „Гардијан“ 75-годишниот актер.

Па продолжува: „Се најдов во ситуација да немам што да правам. Се навикнав да работам. Сакам да работам. Ми се допаѓа да одам на работа. Сакам да бидам опкружен со луѓе и да уживам во нивно друштво, да слушам животни приказни. Одеднаш бев далеку од се’. Си помислив, што ќе правам сега? Никогаш немав намера да напишам книга. Но, кога почнав, само пишував и пишував. Всушност, таа книга ми даде причина да живеам затоа што секоја вечер размислував. Ме забавуваше. Во исто време ми беше бекство од монотонија“.

Актерот нагласува дека книгата не е направена за да биде „мемоари за ракот и за болеста“, туку дека и оваа приказна е само дел од него.

Нил откри дека побарал лекарска помош откако забележал дека има грутки жлезди на вратот додека бил на турнеја за неговиот нов филм минатата година. Останал смирен кога лекарите му ја кажале дијагнозата и веднаш почнал да планира како да ја напише книгата на својот живот.

„Мислев дека морам да направам нешто и си помислив: Дали да почнам да пишувам? Една година подоцна не само што ја завршив, туку и излезе во рекордно време“, гордо порачува тој за „Би-Би-Си“.

Следни Објави

Денеска е Младенци: Жени, ова мора да го направите!

Денес се празнува еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Се верува дека какво ќе биде времето на овој ден, такво ќе биде цела пролет. На овој ден кој секогаш паѓа за време на Велигденскиот пост, именден празнуваат Младен, Младенка.. Инаку, овој празник е ден на младите сопружници кои […]