fbpx

Навиваше за мене и кога не требаше: Џамбазов скршен од болка

Колегите и блиските пријатели се простуваат од легендарниот македонски актер Димче Мешковски кој почина вчера по долго боледување.

Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов напиша трогателна посвета.

„Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага.. Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари“, порача тој на социјалните мрежи.

И актерката Весна Петрушевска е скршена од болка.

„Си замина и Мешко, ќе те паметам по насмевката, твојата воздржаност, огромната љубов кон Марика и твоите две ќерки. Добар татко и одличен глумец. Мешко баш те сакав. Аплауз и слава ти“, напиша Весна Бејби.

Следни Објави

Жените во Југославија лудуваа по него: Ќе се изненадите како изгледа денес

Владо Калембер, пејач и поранешен член на групата „Сребрена крила“, најголемиот успех го доживеа на музичката сцена во поранешна Југославија. Освен со специфичниот глас и бројните хитови, публиката ја освои со својата харизма и атрактивен изглед. Не практикуваше да зборува за љубовниот живот, но секогаш креваше прашина во јавноста бидејќи […]