fbpx

Жените во Југославија лудуваа по него: Ќе се изненадите како изгледа денес

Владо Калембер, пејач и поранешен член на групата „Сребрена крила“, најголемиот успех го доживеа на музичката сцена во поранешна Југославија.

Освен со специфичниот глас и бројните хитови, публиката ја освои со својата харизма и атрактивен изглед.

Не практикуваше да зборува за љубовниот живот, но секогаш креваше прашина во јавноста бидејќи жените тешко му одолеваа.

„Не секоја жена со која пијам кафе ми е девојка“, постојано повторуваше.

Сепак, познато е дека Владо беше во едногодишна врска со Локица Стефановиќ. Сепак, како што тоа обично бидува, нивната врска на далечина беше осудена на пропаст.

Иако медиумите го прогласија за вечен ерген, Калембер во 2006 година се ожени со дури три децении помладата виолончелистка Ана Руцнер, со која го има синот Даријан. Но, по осум години брак тие се разидоа, а новинарите шпекулираа дека причина за разводот е неверство.

Поранешната сопруга на Калембер демантираше се’, а Владо остана во добри односи со неа.

„Има многу заблуди и предрасуди, а тоа што сум голем заводник е една од нив. Ако имав 22 врски, ќе испаднеше дека имам 222. Не се жалам, но тоа е на некој начин малку „напумпано“. Тоа беа такви времиња. Имаше чад, но не и оган“, изјави Владо во едно интервју.

Следни Објави

Најверојатно умирам: Славниот актер откри дека е тешко болен, вака го поминува денот

Ѕвездата на научно-фантастичниот филмски хит „Паркот Јура“, Сем Нил, во своите мемоари „Дали некогаш го кажав ова? откри дека има леукемија и дека терапиите што ги прима не му делуваат. Сем се навраќа на најважните моменти во кариерата, зборува за тоа што навистина значи да се биде славен, за животот […]