fbpx

Се сеќавате ли на Клеопатра? Преку ноќ исчезна од ТВ-екраните, сега е уште поатрактивна

Клеопатра беше најпознатата балканската јасновитка во 90-тите години на минатиот век.

Таа имаше свое телевизиско шоу во кое им ја претскажуваше иднината на гледачите, но работеше и со многу познати фаци од забавната индустрија.

Уште со нејзиното прво појавување на малите екрани предизвика бурни реакции и направи бум на тогашната естрада. Луѓето безрезервно ѝ веруваа и го следеа секој нејзин чекор.

На врвот на популарноста, Клеопатра мистериозно исчезна од медиумите. Во тој период повторно се актуелизираа шпекулациите дека под овој псевдоним всушност се крие извесен Душко Илиќ кој своевремено го променил полот.

Неодамна на социјалните мрежи почнаа да кружат понови фотографии од Клеопатра, па нејзините верни следбеници констатираа дека низ годините не се променила значително, а некои дури нагласуваат дека сега е уште поатрактивна.

Денеска малку се знае за нејзиниот приватен живот. Пред неколку години наводно се скрасила во Босна далеку од очите на јавноста каде води мирен семеен живот.

Следни Објави

Момче скокна од покрив: Се слушна крик, случајните минувачи не можат да се соземат (ВИДЕО)

Имаше среќа да излезе неповреден, ако се земе в предвид дека последниве недели повеќето канали во Венеција останаа без вода Турист скокна од покривот на една венецијанска палата директно во каналот, а градоначалникот на Венеција го опиша неговото однесување како „кретенско“. Младото момче е снимено како скока од врвот на […]