fbpx

Каква промена! Фифи сега е русокоса, ваква не сте ја виделе (ФОТО)

Сите се воодушевени од трансформацијата

Македонската трансродова пејачка Фифи Јаневска со секоја нова објава на социјалните мрежи пријатно ги изненадува оние што ја следат.

Овојпат таа промовира нов имиџ, позирајќи во исклучително провокативен аутфит. Нејзините фанови се воодушевени од трансформацијата.

Фифи веќе подолго време живее и работи во Шведска. Пошироката јавност ја запозна во музичкото шоу за таленти „Икс фактор“ кога изјави дека нејзината кариера вистински ќе започне дури кога целосно ќе ја заврши транзицијата и кога ќе ја направи операцијата за прилагодување на полот.

Пред неколку години за порталот „Мајка и дете“, Јаневска навраќајќи се во минатото, раскажа оти знаела дека е женско уште на петгодишна возраст и дека после сите непријатности и проблеми во семејството и со средината, денес е конечно среќна.

– Споредба за моето лично искуство во Македонија со ова во Шведска воопшто не можам да направам бидејќи, за жал, Македонија, во менталитетот, науката, најновите медицински истражувања, е добри 70 години поназад од Европа. Тоа е многу тажно, но во исто време сум среќна што има мал напредок во тоа општество. Шведска е земја која треба да е пример за неразвиените општества и тоа во кој правец треба да се движат за сите граѓани да се еднакви, среќни и слободни. Овде нема предрасуди и човековите права се ставени на прво место, затоа и нема ниту насилство, ниту дискриминација – раскажа Фифи.

Следни Објави

Вознемирена новинарка го гушна синот среде програма во живо: Само што се случи нешто страшно (ВИДЕО)

Емотивната средба се случи среде програма во живо на 22 март, откако ученик застрела двајца професори Репортерката на телевизијата Фокс од Денвер, Алисија Акуња, го прекина известувањето за пукањето во средно училиште во кое учи и нејзиниот син, во истиот момент кога се појави пред неа и сфати дека е […]