fbpx

Момче скокна од покрив: Се слушна крик, случајните минувачи не можат да се соземат (ВИДЕО)

Имаше среќа да излезе неповреден, ако се земе в предвид дека последниве недели повеќето канали во Венеција останаа без вода

Турист скокна од покривот на една венецијанска палата директно во каналот, а градоначалникот на Венеција го опиша неговото однесување како „кретенско“.

Младото момче е снимено како скока од врвот на зграда висока околу десетина метри. Непосредно пред да рипне, се слушаат пискоти од случајните минувачи. „Немој! Не ризикувај!“, му сугерираат тие.

На снимката се гледа и моментот кога мажот самоуверено излегува од каналот по својот „подвиг“, додека негов пријател му поддава крпа да се забрише.

„Имаше среќа да излезе неповреден, ако се земе в предвид дека последниве недели повеќето канали во Венеција останаа без вода како резултат на серијата екстремно ниски плими“, коментираат мештаните.

Акробацијата, која стана вирална на социјалните мрежи, градоначалникот на Венеција ја осуди, отворено изразувајќи го своето незадоволство од непристојните туристи кои се’ почесто пливаат во каналите, нелегално скијаат на вода по Големиот канал и скокаат од познатиот мост Риалто, најчесто во алкохолизирана состојба.

„На ова момче треба да му се оддаде признание за глупост и да добие еден добар ќотек! Се обидуваме да го идентификуваме и соодветно да го санкционираме“, напиша на „Твитер“ градоначалникот Луиџи Брунјаро.

Скокот предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Многумина бараат младиот човек да биде идентификуван, парично да биде казнет и да му се забрани влез во Венеција.

Следни Објави

Каква промена! Фифи сега е русокоса, ваква не сте ја виделе (ФОТО)

Сите се воодушевени од трансформацијата Македонската трансродова пејачка Фифи Јаневска со секоја нова објава на социјалните мрежи пријатно ги изненадува оние што ја следат. Овојпат таа промовира нов имиџ, позирајќи во исклучително провокативен аутфит. Нејзините фанови се воодушевени од трансформацијата. Фифи веќе подолго време живее и работи во Шведска. Пошироката […]