fbpx

Беше милионерка, го љубеше Маринко Роквиќ, направи империја и почина: Нејзината последна желба остана мистерија

На сите им остана во сеќавање како една од најубавите и најнегуваните жени на овие простори

Живееше на релација Србија-Холандија и важеше за една од најбогатите жени на овие простори. И после толку години од нејзината смрт никој не знае дали воопшто беше мажена, ниту, пак, кој ја наследи нејзината мултимилионска козметичка компанија, заедно со недвижниот имот на Дедиње, на Авала и којзнае каде на друго место, пишува српски „Курир“.

Бозен Жумбор немаше деца, а самата беше чедо на богати родители. Првпат се појави во нашите домови преку ТВ-екраните и популарната емисија на Милован Илиќ-Минимакс која се емитуваше на ТВ Политика во 1991 година.

Симпатична, позитивна, фотогенична, беше популарно ТВ-лице благодарение на империјата што ја изгради со козметиката од алги. Сигурно се сеќавате на нејзината магична ракавица за бришење шминка, колку се продаваше во тогашна Југославија.

Се упокои на 56-годишна возраст во Белград по долго и тешко боледување. Беше блиска со многу поп-ѕвезди, но кога почина во 2012 година никој од нив не се појави на нејзиниот погреб, освен Неда Украден.

На таа тема во една прилика проговори пејачката Зорица Марковиќ.

– На Божен ѝ го должам животот. Кога почина и почнав да се распрашувам кога е погребот, дознав дека нејзината мајка инсистира да ја испочитува последната желба на Божен, а тоа е да биде погребана само во присуство на семејството. Знам дека е најтешко кога децата ќе починат пред родителите и затоа се повлеков – раскажа таа.

По смртта на Божен, освен што остана мистерија на кому му припадна нејзиното богатство кое е проценето на неколку милиони евра, остана мистерија и нејзиниот приватен живот. Долго се зборуваше дека пред бракот со Славица, легендарниот пејач Маринко Роквиќ бил во врска токму со Божен. Се запознале на негов настап во Ротердам, наводно во кафеаната која во тој период ја менаџирале нејзините родители.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше во љубов со најубавата југословенска актерка: Му роди ќерка која е негова копија

Девет деца со пет жени: Кои се синовите и ќерките на Аркан? Жељко Ражњатовиќ Аркан позади себе остави големо потомство. Освен Анастасија и Вељко кои ги доби во бракот со фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ, тој има уште седум деца со други четири жени. Од првиот брак со Наталија Мартиновиќ има […]