Девет деца со пет жени: Кои се синовите и ќерките на Аркан?
Жељко Ражњатовиќ Аркан позади себе остави големо потомство. Освен Анастасија и Вељко кои ги доби во бракот со фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ, тој има уште седум деца со други четири жени.
Од првиот брак со Наталија Мартиновиќ има четири – близнаците Војин и Никола и ќерките Милена и Маша. Трите деца кои ги доби од вонбрачни врски се Михајло, Софија и Анѓела.
Децата од бракот со Наталија не го носат татковото презиме. Сите се факултетски образовани, а пред неколку години Војин со својата девојка по потекло од Кина, Барбара Ванг, ја доби ќерката Мија. Тој ѝ е познат на јавноста, најмногу по конфликтот со Цеца.

За разлика од него, Никола кој со години не живее во Србија е познат токму по ангажманот како главен манекен во еден од спотовите на Цеца во 1998 година.

За време на војната во Босна, Аркан ќе дознае дека на почетокот на 80-те години на минатиот век во Шведска го добил и синот Михајло. Тој е и неговиот најстар наследник, а негова мајка е извесна Агнета од Гетебург.

Со актерката Лилјана Мијатовиќ ја доби ќерката Ангела која сега има 38 години. Дипломирала Богословија, а неодамна издаде и збирка поезија.

Ќерката Софија, пак, е дете кое го добил со социјална работничка за која се грижел во белгискиот затвор. Таа денес живее во Брисел, а првпат го видела татка си на телевизија кога стана светски познат во 1991 година. Таа е една од ретките кои наводно е во добри односи со Цеца Ражњатовиќ.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.