fbpx

Исчистете го шпоретот со еден потег: Со овој трик се бришат сите маснотии!

Секоја домаќинка знае колку непријатно може да биде чистењето на шпоретот, особено кога по готвењето најтврдокорните маснотии никако не може да се отстранат.

Една жена во групата Cleaning Tips & Tricks на „Фејсбук“ конечно откри на кој начин успеала да ги „светне“ ринглите.

Откако на плочите за готвење останале бели маснотии, зела масло за нега на детска кожа, неколку капки ставила на сунѓерот и добро пребришала.

Следувало големо изненадување. Сите маснотии исчезнале!

Нејзиниот пост наиде на голем прием кај жените ширум светот, па со воодушевување ѝ се заблагодарија за советот.

Друга домаќинка, пак, откри трик за чистење на најнепопуларен дел од рерната-решетката.

Потребни ви се само две работи: една таблета за миење садови и фолија. Завиткајте ја решетката во фолија и ставете ја во када. Истурете топла вода доволно за да ја покриете решетката, додадете ја таблетата и оставете ја да се кисне решетката да се исуши и тоа е тоа! Тврдоглавите дамки од маснотии ќе исчезнат без дури да земете сунѓер во рацете.

Следни Објави

Му го претепале малолетниот син: Потресно сведоштво на македонскиот музичар, шокантни сознанија за напаѓачите

Македонскиот музичар Петар Младеновски во подолга објава на „Фејсбук“ им откри на фановите дека во неделата бил физички нападнат неговиот малолетен син. Фронтменот на групата „Суперхикс“ дополнителен шок доживеал кога разбрал кои се всушност напаѓачите. Неговото сведоштво интегрално ви го пренесуваме во продолжение. Два дена се мислам дали да реагирам, […]