fbpx

Се огласија ќерките на Мешковски: Пораката ќе ве расплаче, ова му е последната желба

Во Драмски театар во Скопје денеска се одржа комеморацијата за легендарниот македонски актер Димче Мешковски.

На присутните им се обратија режисерот Коле Ангеловски и актерот Драган Спасов-Дац, а најемотивен дел од настанот беше пораката која од името на неговите ќерки Наташа и Јасна ја прочита в.д. директорката на Драмски, Маја Вељковиќ Пановска.

„Израснавме во театарот со тебе. Јасна се шминкаше во гримиорните и изигруваше суфлер, а Наташа се пикаше кај светло-мајсторот. Беше привилегија да се расте покрај татко каков што беше ти. Како современ и либерален човек Димче не’ воспитуваше во духот на космополитизмот и истовремено не’ учеше како се сака и се почитува својот народ и сопствената земја. Не’ поддржуваше буквално во се’. Како најголема потпора, наш грб, столб, ни дозволуваше да летаме секој по својот пат“, напишаа ќерките на Мешковски.

Доајенот на македонското глумиште по долго боледување почина во Америка. Со сопругата живееше во Санта Моника. Најголемата причина за неговата преселба од другата страна на Атлантикот беше неговата внука Леона од ќерката Јасна, но, како што самиот изјави во една прилика, и напредната медицина која му ги олеснувала здравствените проблеми.

По негова желба ќе биде кремиран, а урната со останките ќе биде донесена во Македонија.

 

Следни Објави

Господ ја зеде.. Ново потресно обраќање на таткото на Јана

„Господ ја зеде Јанушка, можеби за да се смени нешто, да се направи нешто за други дечиња, да им се помогне да живеат“.. Ова е дел од новото потресно сведоштво на таткото на шестгодишната Јана која почина во битолската болница. За утре на плоштадот „Магнолија“ во 19 часот е најавен […]