fbpx

Четири месеци не знаела како се вика дечко ѝ, па се венчале: Тоа што следувало е уште пооткачено

Една анонимна жена од англиско говорно подрачје во исповед на Редит откри дека се забавувала со момче четири месеци пред да го дознае неговото име.

Таа пишува дека во тоа време се двоумела помеѓу две опции. Очајнички следела различни траги за да дојде до неговото име и конечно го нашла на документите од неговиот автомобил.

„Името на мојот тогашен дечко го дознав по четири месеци откако почнавме да се забавуваме. Не бев сигурна дали се вика Патрик или Ричард, па едноставно не го викав по име“, ја започнува својата шокантна исповед.

Ова ѝ се случило пред ерата на интернетот и на социјалните мрежи.

„Конечно ја дознав вистината откако случајно налетав на едно негово постаро патничко осигурување кога за момент останав сама во неговиот автомобил“, тврди таа.

Ваквиот след на настаните не било воопшто пречка да му каже „ДА“ кога набргу ја побарал за жена. Сепак, идилата не траела долго и на крајот се развеле. На крајот открила дека и ден денес во главата понекогаш го нарекува со други имиња.

Објавата на Редит стана вирална, а многу луѓе споделија слични искуства, иако не толку екстремни.

„Имам колега кој секогаш ме вика Џо. Никогаш не сум го корегирал, иако тоа не е моето име. Поминаа пет години и не сум ни сигурен како да му кажам. Не го гледам често, можеби еднаш или двапати неделно“, напиша еден корисник.

„Некои луѓе се многу чувствителни за своето име, а на некои воопшто не им е грижа. Јас спаѓам во втората категорија. Луѓето постојано ми го грешат името, но се’ додека знам дека зборуваат со мене, навистина не ми е грижа, иако познавам многу луѓе кои се чувствителни дури и кога ќе им го згрешат прекарот“, коментира друг корисник на популарната платформа.

Следни Објави

Дама во црвено: Лила вечерва го славеше животот, рамо до рамо со нејзината „сестра“

Во познат скопски хотел вечерва македонската публика имаше можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот. На настанот беше промовирана нејзината автобиографска книга „Ти си таа“. Гостите имаа можност […]