fbpx

Страшни детали за монструмот Бојан: Со часови ја тепал Андреа, кога починала сторил нешто одвратно

Ѕверско убиство го вознемири регионот. Средовечен маж од Јагодина е осомничен дека до смрт ја претепал неговата емотивна партнерка, инаку мајка на пет деца.

По расправија, во вторникот наутро околу три часот, Бојан М. (46) во неговиот стан до смрт ја претепал Андреа К. (35).

„Кобната вечер жртвата дошла во станот на осомничениот. Со години се забавувале и ништо не укажувало дека несреќната жена нема жива да го напушти местото. Најверојатно на грозоморниот чин му претходела вербална пресметка. Во даден момент осомничениот почнал брутално да ја удира несреќната жена со раце и со нозе, а не престанал ниту кога таа почнала да крвари и да губи свест“, открива извор од истрагата.

Според првичните сознанија, насилникот ја тепал жената неколку часа, а кога се уверил дека ја убил, уште долго останал да седи покрај нејзиното крваво тело.

На Бојан М. му е одредена мерка притвор од 48 часа.

Соседите на уапсениот сведочат дека тој бил познат по своето проблематично однесување.

„Беше навлечен на хероин, постојано правеше проблеми, крадеше и ограбуваше. Со Андреа беа во врска, и таа имаше проблеми со наркотици. Има деца од претходен брак, беше во фаза на разведување“, раскажуваат соседите.

Кога слушнале дека се случило убиството, прво помислиле дека Бојан си ја убил мајка си која повремено доаѓала кај него, чистела и му носела храна. За Андреа велат дека ретко ја гледале.

Следни Објави

Дедо излегува од грмушка, а по него и две раскопчани баби: Се појави снимка која сите ги насмеа (ВИДЕО)

„Местенките“ со пензионери од една култна емисија повторно се хит Некој се сети на снимките со скриена камера од шпанското шоу Los mayores hooligans (Најголемите хулигани) и ги објави на „Тик Ток“ предизвикувајќи општ хаос на социјалните мрежи. Оваа емисија беше лансирана во 2013 година од телевизијата Антена 3. Публиката […]