fbpx

Драг Бране, почивај во мир! Македонија тагува, уште еден живот прерано згасна

Националната пливачка федерација сподели тажна вест на својата официјална фејсбук-страна.

Оттаму велат дека со големо жалење и неверување ја примиле веста за прерано згаснатиот живот на нивниот колега, соработник, пријател и тренер.

„Бране беше пример на тренер и работник кој со љубов и посветеност работеше со најмладите пливачи, а истовремено воспитуваше и успеа да издигне повеќе генерации на пливачи во нашиот спорт.

Драг Бране, ќе ни недостига твојот ведар и позитивен дух и секогаш ќе те споменуваме како позитивен пример во посветената тренерска работа.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството, пријателите и клубот Младост каде работеше.

Нека почива во мир“.

Следни Објави

Марко го отворил гробот на татка си да ја погреба мајка му: Занемел кога видел што има внатре

Речиси деценија и пол Марко Дујмовиќ од Двор на Уна се обидува да открие кој е човекот кој е пронајден во гробот на неговиот татко. Вели дека не сака ништо друго освен правда и дека нема да престане да се обидува да ја дознае вистината. Што всушност се случило? Од […]