fbpx

Што вели медицината за живот без желудник? Детали за ризичниот зафат на Боки 13

На осудениот македонски шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски (36) денеска во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје му беше извршена комплицирана операција на желудникот.

Зафатот траел цели четири часа, а според последните информации оставен му е многу мал дел од желуднкот, а се’ друго заедно со дванаесетпалечното црево му е отстрането.

Операцијата била комплицирана и Јовановски е во ризична состојба, но не во животозагрозувачка, вели хирургот Стојанче Јованов за „Телма“, еден од специјалистите во тимот.

„Не се знае колку ќе трае закрепнувањето. Компликациите се тешки и смртоносни, во тоа е проблемот. Затоа бараме мир по вакви ситуации. Многу тешка и комплицирана операција“, вели тој и се согласува дека овој комплициран зафат е последица на несоодветното лекување кое претходно го имал Јовановски.

Во медицината е познато дека без некои органи во телото е возможно да се продолжи со живеење, но најчесто квалитетот на тој живот е нарушен. Конкретно за желудникот, понекогаш мора хируршки да се отстрани заради рак или одредени трауми. Пример е случајот од 2012 година кога морале да го отстранат на една жена од Англија откако испила коктел кој содржел течен азот. Но таа продолжила да живее без него. Во таквите случаи хирурзите го прицврстуваат хранопроводникот директно со тенкото црево. Пациентите подоцна мора да внимаваат што јадат.

„Во суштина, прехраната мора да биде претходно сварена, односно таква што ќе овозможи поедноставна дигестија во тенкото црево. Пред сѐ, тоа мора да биде храна во течен и полутечен облик“, објаснуваат нутриционистите.

 

 

Следни Објави

Драг Бране, почивај во мир! Македонија тагува, уште еден живот прерано згасна

Националната пливачка федерација сподели тажна вест на својата официјална фејсбук-страна. Оттаму велат дека со големо жалење и неверување ја примиле веста за прерано згаснатиот живот на нивниот колега, соработник, пријател и тренер. „Бране беше пример на тренер и работник кој со љубов и посветеност работеше со најмладите пливачи, а истовремено […]