fbpx

„Туѓа си бескрајно“ крие голема тајна: Ова е приказната за хитот без кој не поминува ниту една свадба

Можеби требаше на мојот народ да му подарам уште некој хит. Но, никогаш не е доцна. Секогаш подарувам нови песни, нека слушаат и уживаат, порача Ефто во едно ТВ-гостување 

Специјалната награда за животно дело на неодамна одржаната „Златна бубамара на популарноста“ заслужено замина во рацете на Ефто Пупиноски, еден од доајените на новосоздадената македонска народна песна кој речиси половина век е активен на естрадата.

На манифестацијата тој имаше исклучително емотивен настап заедно со својата колешка Блага Петреска, а публиката ги поздрави со овации по изведбата на фолк-евергринот „Песната може се’“, авторско дело на браќата Барбаровски.

Пупиноски пред повеќе од две децении го отпеа хитот „Туѓа си бескрајно“, песна без која денес не поминува кафеана без неа, а редовно се пее и по свадби и покрај пораката на рефренот која е несоодветна за таков чин.

Првпат е изведена на фестивалот „Камбера“ во Австралија во 1992 година, но стана хит дури по две децении.

Автор на музиката е Пупиноски, а стиховите се дело на поетот и фотограф Мирослав Кузман кој во една прилика раскажа дека ги напишал за триесетина минути. Му се јавил Ефто и му побарал текст кој требало да биде готов истиот ден до полноќ бидејќи следното утро имал резервирано лет за Австралија. Призна дека таа вечер испил најмалку литро јако црвено вино за инспирација.

„Во „Туѓа си бескрајно“ нема ништо меѓу редови. Сѐ е на виделина. Песната е љубовна до крај. Инспирација од детството и од момчештвото што би рекол Лав Толстој“, изјави Кузман во едно интервју.

Оваа тема на „јутјуб“ има фантастични над четири милиони прегледи.

Следни Објави

Што вели медицината за живот без желудник? Детали за ризичниот зафат на Боки 13

На осудениот македонски шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски (36) денеска во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје му беше извршена комплицирана операција на желудникот. Зафатот траел цели четири часа, а според последните информации оставен му е многу мал дел од желуднкот, а се’ друго заедно со дванаесетпалечното црево му е […]