fbpx

Скандал во скопско училиште: Драгана во шок, ова ли треба да го учат деца во прво одделение?

Скандалозна домашна задача за првоодделенци на својот фејсбук-профил објави Драгана Спасевска.

Наводно, работниот лист чија тема е рецепт за среќно семејство им е поделен на учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во скопски Центар.

Задачата е учениците со помош на зборовите напишани во срцето (забава, доверба, љубов, среќа, грижа, смеење и љубезност) да напишат рецепт за нивното среќно семејство. Задачата до тука изгледа сосема коректна и со позитивна содржина, меѓутоа, кога ќе ги погледнете избраните цртежи со кои истата е претставена, јасно е дека станува збор за тенденциозно размислување.

На цртежот се гледаат двајца мажи хомосексуалци, татковци на машко дете, и две лезбејки како се држат за рака.

Во продолжение и објавата на Спасевска:

Домашна работа за I-во одделение во ОУ.” Св. Кирил и Методиј” Скопје-центар.

Ваква “грешка” на наставник кој го дал ова работно ливче и не е баш грешка.

Јетон Шаќири, министре!

Кога веќе имате најава дека ќе вршите измени во законот за основно образование, тогаш веднаш да ги измените и членовите од законот во кој се вметнати термините кои се против уставни и без законска регулатива! Знаете добро за што зборувам!

Секое полнолетно лице нека избере да биде што сака и нека се определи како сака, но тој, па ни било кој друг нема право да го наметнува ова на нашите деца од најрана возраст!

Семејството го сочинуваат мајка и татко!

Маж и жена!

Берете ум!

Следни Објави

Ненадејно почина Горан: Пријателите со неверување се простуваат на социјалните мрежи

Уште еден живот прерано згасна Ненадејно почина Горан Ѓошев, вработен во Фудбалската Федерација на Македонија, пренесоа повеќе македонски портали. Како техничко медицинско лице беше задолжен за грижата на младите фудбалери во Академијата на ФФМ. На социјалните мрежи неверување и шок по прераната смрт на Ѓошев. „Прерано, другар“, „Каков човек, беше […]