fbpx

Ѝ почина синот, а сега стана мајка на 68 години: Познатата водителка слави, една работа ги вознемири сите

Познатата водителка, актерка и модел Ана Гарсија Обрегон го доби второто дете, иако неодамна го прослави својот 68-ми роденден, а среќната вест ја откри по излегувањето од породилиштето.

Веста за новороденчето медиумите ја открија случајно, откако папараците ја начекаа како ја напушта болницата држејќи го бебето в раце, завиткано во розово ќебенце.

Набргу по објавувањето на фотографиите откриени се сите детали. Славната Шпанка добила дете со помош на сурогат мајка во Америка, а се се одвивало во строга тајност. Единствените кои знаеле за овој потег биле нејзините сестри Селија и Амалија, како и нејзиниот поранешен партнер Алесандро Лекио. Девојчето го крстила по неа затоа што се родило ден по нејзиниот роденден.

Инаку, водителката пред две години го загуби синот Алекс, кој почина на 27 години по долга борба со рак. Го добила на многу рана возраст со италијанскиот аристократ Алесандро Лекио, со кого одамна не е во врска, но останаа пријатели.

„За краток период го изгуби синот, но и двајцата родители, а излезот од депресијата го виде во мајчинството“, коментираат нејзините блиски.

Инаку, странските медиуми пишуваат дека нејзината ќерка ја родила малолетна тинејџерка, но оваа вест не е потврдена.

Следни Објави

Познатиот музичар пронајден мртов, сопругата Сузана неутешна

„Жалосно! Прерано не’ напушти“, коментираат неговите колеги Црногорскиот музичар Владан Потпариќ почина ненадејно на 44-годишна возраст, објави Здружението на поп-уметници на Црна Гора. „Скршени сме од болка. Во име на сите колеги, во спомен на ова добро момче, изразуваме сочувство до семејството, до пријателите и до неговите колеги од бендот. […]