fbpx

Почина пациент, ново потресно сведоштво за македонското здравство

Шеесетгодишен маж од Пирок вчера околу 19 часот починал во тетовската болница откако не добил помош од лекарите, тврди неговото семејство, пренесува порталот на албански јазик Тетовасот.

„Чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час“, вели еден од членовите на семејството.

Новоизбраниот директор на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА даде изјава дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

„Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот“, вели тој.

Следни Објави

Жељко Бебек има четири деца и 34 години помлада жена: Ружица не му е само сопруга..

Легендарниот југословенски музичар Жељко Бебек (77) повторно ќе има настап пред македонската публика на 18-ти април во Филхармонија. Првиот пејач на „Бијело дугме“ има исклучително интересна животна приказна. Иако на сцената делува агресивно, всушност е многу емотивен, велат оние кои со години го познаваат. И покрај тврдењата на таблоидите дека […]