fbpx

Жељко Бебек има четири деца и 34 години помлада жена: Ружица не му е само сопруга..

Легендарниот југословенски музичар Жељко Бебек (77) повторно ќе има настап пред македонската публика на 18-ти април во Филхармонија.

Првиот пејач на „Бијело дугме“ има исклучително интересна животна приказна. Иако на сцената делува агресивно, всушност е многу емотивен, велат оние кои со години го познаваат.

И покрај тврдењата на таблоидите дека во младоста бил склон кон пороци, Бебек во една прилика се изјасни дека никогаш не се дрогирал, не се тепал, ниту пак се пијанчел како повеќето рок-ѕвезди.

Позади себе има два пропаднати брака. Првиот е со Споменка со која ја има ќерката Силвија, а вториот со Сандра која му ја роди ќерката Бјанка. Во 2002 година по третпат се ожени со 34 години помладата Ружица и, како што вели, се’ уште ја сака како првиот ден.

„Без разлика што таа беше млада и уште немаше завршено факултет, а јас искусен волк во рокенролот, беше јасно дека омекнав доволно за да почнам да го гледам животот поинаку“, изјави Бебек во едно интервју.

Двојката во 2003 година го доби синот Звонимир, а две години подоцна и ќерката Катарина.

На почетокот не ја откриваа врската плашејќи се да не бидат осудувани од околината. Во тој период на Жељко му било најважно ќерките да имаат разбирање за неговата нова избраничка.

Ружица освен што му е сопруга, веќе со години му е и менаџерка која му ги организира настапите.

Неодамна, во една утринска емисија, Бебек гостуваше заедно со својот син кој одлучи да тргне по стапките на татка си.

Звонимир има завршено Рок Академија, загрепско училиште за популарна и џез музика. На новиот албум на славниот татко свири на повеќето од песните, а снимија и дует.

Следни Објави

Не успеав да се справам со тагата: Лила раскажува за смртта на татка си кој почина од рак

Во своето прво телевизиско интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Лила Филиповска во детали зборува за борбата со канцерот, процесот на лекување, но и за поддршката од најблиските во такви тешки моменти. „Јас знам мене како резултат на што ми се случи ова. На прво место овде беше тагата по загубата […]