fbpx

„Користев марамчиња за бременост“: Медицинската сестра се шокирала, па погледнала долу (ВИДЕО)

Медицинска сестра од одделението за трауматологија на својот профил на „Тик Ток“ откри како изгледала посетата на жена која дошла да се тестира за сексуално преносливи болести.

Како дел од протоколот, медицинските сестри рутински бараат примерок од урина, па кога ѝ објасниле дека им треба за тест за бременост, таа им одговорила дека нема шанса да е во прашање тоа.

Во тој момент ѝ поставиле две прашања на жената-прво, дали имала сексуални односи и второ, ако имала, дали користела заштита.

Кога жената одговорила дека е се*суално активна, но дека всушност не користи контрацепција, медицинската сестра ја прашала како може да гарантира дека не е бремена.

„Па, јас ги користев оние марамчињата за бременост“, зачудено ѝ одговорила пациентката.

Па продолжила да објаснува дека си набавила кутија со марамчиња што ги употребуваат во болницата и ги користела пред и по се*сот.

Медицинската сестра го изгубила трпението и шокирана пробала да ѝ разјасни.

„Како по ѓаволите мислиш дека ова те спречува да забремениш“ ”, ѝ рекла таа, на што пациентката и реплицирала: „Па, види ја етикетата, има бебе и тоа е прекрстено со Х, што значи дека не можеш да забремениш ако ги користиш“.

Откако го погледнале видеото, следбениците на медицинската сестра биле очајни да дознаат дали жената имала позитивен тест за бременост, на што медицинската сестра одговорила дека не е бремена, туку дека има полово преносливи болести и хемиски изгореници.

„Луѓе, мора да ги едуцираме децата за репродуктивното здравје, на училиште и дома“, коментираат под видеото.

„Имав 17-годишна девојка која ми се довери дека нејзиното претходно момче и рекло дека не може да забремени ако се најде на врвот на предното седиште од неговиот камион“, напиша друг корисник.

Следни Објави

Тој беше еден од моите лекови, ако не и најважниот: Ново продолжение од потресното сведошво на Лила

По најголемата животна победа, Лила Филиповска во детали зборува за борбата со канцерот, процесот на лекување, но и за поддршката од најблиските во такви тешки моменти. Овојпат во интервју за телевизискиот магазин „Ексклузив“ на JingleTV, македонската водителка и инфлуенсерка призна дека мачорот Рагнар кој со години е дел од нејзиниот […]