fbpx

Свири клавир преку 100 години: Наскоро ќе промовира албум, ова е нејзината тајна

Француската пијанистка Колет Мазе свири клавир повеќе од сто години и сè уште има стотици фанови на социјалните мрежи, а наскоро ќе го објави и седмиот албум „108 години пијано“.

Таа е родена во јуни 1914 година, пред избувнувањето на Првата светска војна, додека еден од нејзините омилени композитори, Клод Дебиси, сè уште бил жив.

Мазе сè уште свири по четири часа секој ден. Во нејзиниот стан во Париз со поглед на реката Сена, претпазливо се движи меѓу трите пијана во дневната соба, но го задржала својот младешки ентузијазам.

„Јас? Млада сум. Не ми е грижа за годините. Има луѓе кои се вечно млади, воодушевени од сè, а има и такви на кои ништо не им е гајле и никогаш ништо не сакале, па ни луѓето. Можете ли да го замислите тоа?“, вели таа со насмевка.

Мазе била учителка по пијано во поголемиот дел од својот живот, а дури кога наполнила 100 години, почнала да ја шири својата мрежа на обожаватели преку „Фејсбук“. Многумина се инспирирани од нејзиното добро здравје и одбивањето да се откаже од традиционалните француски задоволства-вино, сирење и чоколадо.

„Таа им дава сила на луѓето, затоа има таков луд успех“, вели нејзиниот син, новинарот Фабрис Мазе и гордо додава дека мајка му е една од ретките луѓе постари од сто години што објавуваат албуми.

„Пијаното е мојот живот. Морам да го почувствувам и слушнам“, се надоврзува Колет.

Сепак, постои уште една тајна за нејзината „вечна младост“.

„Многу танцував. Треба да ги чувствувам мускулите, стомачните, бутовите, рацете. Сето тоа мора да биде живо“, вели таа.

Следни Објави

Детали за силуваното девојче: Нови шокантни сознанија за притворената струмичанка

Грозно Објавени се нови шокантни сознанија за дваесет и едногодишната струмичанка која заврши во притвор под сомнение дека им помогнала на двајца малолетници да силуваат тринаесетгодишно девојче. Таа го поттикнало детето да се опие, го соблекла во една од собите каде се славела новогодишната забава и им помогнала на двајцата […]