fbpx

Тој беше еден од моите лекови, ако не и најважниот: Ново продолжение од потресното сведошво на Лила

По најголемата животна победа, Лила Филиповска во детали зборува за борбата со канцерот, процесот на лекување, но и за поддршката од најблиските во такви тешки моменти.

Овојпат во интервју за телевизискиот магазин „Ексклузив“ на JingleTV, македонската водителка и инфлуенсерка призна дека мачорот Рагнар кој со години е дел од нејзиниот живот бил еден од најзаслушните за да не го промени начинот на живот и да остане среќна и позитивна како ништо да не ѝ се случило.

„Он беше еден од моите лекови, ако не и најважниот. Со Рагнар делиме се’, освен храната“, се шегува Лила.

Таа раскажува дека генерално домашните миленици, а особено мачките, се такви мили суштества кои што впиваат негативна енергија и истата ја претвораат во позитивна.

„Човек што не чува домашно илениче не може да го разбере ова што го зборувам. Оној кој што чува точно ме разбира. Тоа е една таква љубов, јас му велам: „Како е можно толку да те сакам, а ти не си ми кажал ниту еден збор“. Тоа е една таква љубов која го топли срцето, колку и да сум нервозна или тажна, само кога ќе го видам денот ми се разубавува“, вели таа.

Претходно, во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Лила изјави дека знае како резултат на што ѝ се случила ова борба која на никој не му ја посакува.

Следни Објави

Проговори таткото на Аниса: Потресни зборови за пронајдената ќерка

Во јавноста конечно се огласи Енгин Ајро, таткото на 12-годишната Аниса која исчезна во четвртокот, а по три дена беше пронајдена на Бит Пазар. Се надева дека сега, кога сите се заедно, траумата ќе остане зад нив и дека мирно ќе го продолжат животот. Овој татко на три деца вели […]