fbpx

Бил мртов 45 минути, а потоа ги отворил очите: Кажал нешто застрашувачко.. (ВИДЕО)

Брајан Милер од Охајо заврши во болница поради голем срцев удар. Токму кога помислил дека му е подобро, развил вентрикуларна фибрилација, нарушување на срцевиот ритам што го намалува крвниот притисок и го намалува протокот на крв во виталните органи.

„Неговото срце само се тресеше, не можеше да пумпа, не работеше“, објаснува медицинската сестра Емили Бишоп.

Според неа, пациентот бил практично мртов 45 минути, по што неговото срце почнало нормално да чука. За чудо, Брајан не само што преживеал, туку нема никакво оштетување ниту на мозокот, ниту на виталните функции, пишува „Дејли Мејл“.

Сепак, најчудната работа се случила откако Брајан се разбудил! Тој раскажа дека видел светлина на крајот од „рајскиот тунел“, а таму наводно ја сретнал својата неодамна почината свекрва која му рекла да се врати во своето тело.

Покрај неа, според зборовите на Брајан, стоел и нејзиниот починат сопруг. Двајцата стоеле прегрнати, мавтајќи му на заминување.

-Таа ме фати за рака и рече: „Уште не ти е додјено времето, не треба да си тука, има и други работи што треба да ги направиш“, вели Брајан додавајќи дека ова искуство му го променило погледот на животот и дека иако претходно не верувал оти постои нешто после смртта, сега е убеден во спротивното.

Следни Објави

Шокантни детали за Беливук: Генијални потези, откриена неговата најголема тајна

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на таканаречената криминална банда на Веља Невоља. Првообвинетиот Вељко Беливук се појавил повреден на рочиштето. Како што дознава српски „Курир“, тој бил повреден за време на тренинг во притворското одделение. Според досегашната истрага, српските медиуми пишуваат дека се’ поизвесно е дека Вељко Беливук […]