fbpx

Неочекуван пресврт: Еве со кои естрадни ѕвезди го поврзуваат Беливук

Продолжува судењето на деценијата во Србија. Во специјалниот суд во Белград денеска обвинетите на чело со Веља Невоња повторно се соочија со вкрстеното испрашување на Бојан Хрватин, откако тој се спогоди со обвинителството. Припадниците на криминалната група се обвинети за седум убиства.

Српските медиуми секојдневно пишуваат за нови детали од истрагата, а јавноста се’ повеќе се згрозува од монструозните дела кои му се препишуваат на Вељко Беливук и на неговите соработници.

Уапсениот Вељко во повеќе прилики го поврзуваа и со луѓе од естрадата, меѓу кои се и соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, а најмногу со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе, но и со атрактивната поп-ѕвезда Ана Николиќ. Линкот со неа е обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Во тајните простории на стадионот Партизан каде всушност и се одвиваше апсењето, полицијата пронајде снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена.

Српските власти се сомневаат дека Невоља, Марко Миљковиќ и останатите членови на криминалната банда просториите на Партизан ги користеле за монструозни измачувања. Извори блиски на истрагата открија дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив. „Србија данас“ напиша дека за разлика од Веља, Маре пораснал во релативно стабилно семејство со родители вработени на добри позиции во администрацијата.

Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Следни Објави

Ја изгладнувал, па ја тепал со ремен: Ова е таткото-монструм во Скопје

Повеќе од половина година, татко ја тепал и ја малтретирал својата ќерка во нивниот дом во Скопје. Основното јавно обвинителство поведе постапка против 45-годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело-Запуштање и малтретирање дете од член 201 став […]