fbpx

Шокантни детали за Беливук: Генијални потези, откриена неговата најголема тајна

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на таканаречената криминална банда на Веља Невоља. Првообвинетиот Вељко Беливук се појавил повреден на рочиштето.

Како што дознава српски „Курир“, тој бил повреден за време на тренинг во притворското одделение.

Според досегашната истрага, српските медиуми пишуваат дека се’ поизвесно е дека Вељко Беливук и неговата криминална банда ги снимале сите ѕверски убиства кои им се припишуваат.

Тортура, отсечени глави, топење на тела во киселина и други слични монструозни дела досега можеа да се видат само на страшните пропагандни видеа на терористите кои делуваат далеку од овие простори.

„Овој метод најчесто го користат и мексиканските картели кога сакаат да испратат порака дека сите што не мислат како нив, не само што ќе бидат убиени, туку и брутално измачувани и понижени“, вели поранешниот висок функционер и приватен детектив Божидар Спасиќ.

Неодамна српските медиуми ја открија неговата најголема семејна тајна. Кога имал девет години, татко му извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои соседите се’ уште се чудат како преживеале.

Инаку, на социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава.

На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Еве со кои естрадни ѕвезди го поврзуваат Беливук

Продолжува судењето на деценијата во Србија. Во специјалниот суд во Белград денеска обвинетите на чело со Веља Невоња повторно се соочија со вкрстеното испрашување на Бојан Хрватин, откако тој се спогоди со обвинителството. Припадниците на криминалната група се обвинети за седум убиства. Српските медиуми секојдневно пишуваат за нови детали од […]