fbpx

„Помош! Некој ме избоде“: Милијардерот искрвари среде улица, залудно молеше..

Надзорните камери ги снимија последните моменти на 43-годишниот Боб Ли, основачот на апликацијата Кеш вредна повеќе милијарди долари, кој беше брутално избоден во Сан Франциско и оставен да умре.

На видеото се гледа како таткото на две деца очајно ги стега раните и ги моли минувачите за помош. Во еден момент очајнички се обидува да ги запре автомобилите кои поминуваат покрај него, но тие само го одминуваат, игнорирајќи го.

Како што пишува „Дејли Мејл“, Боб е избоден повеќепати во градите во вторникот вечерта во градскиот кварт Ринкон Хил, каде што бил на работа. Ова брутално убиство кое се случи во изборната единица на поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, предизвика загриженост поради недостатокот на јавна безбедност и зголемениот број бездомници во Сан Франциско. Убиениот Ли некогаш живеел во тој град, но се преселил токму поради зголемениот криминал на улиците.

На потресното видео е прикажано како Боб, крвав и зашеметен, се тетерави по главната улица, а потоа се упатува кон станбената зграда во Портсајд каде што паѓа на земја. Лежи неподвижен неколку секунди, но некако успева да клекне и да го земе мобилниот телефон. Кога автомобилот поминува, Ли му мавта да застане, но возачот само продолжува.

Според извештајот на Сан Франциско Стандард, Ли се јавил на 911 околу 2:35 часот и само извикал: „Помош. Некој ме избоде со нож“.

„Жртвата е пренесена во локалната болница со повреди опасни по живот. И покрај напорите на итната помош и медицинскиот персонал, мажот им подлегна на повредите“, соопшти полицискиот оддел на Сан Франциско (SFPD).

На блискиот паркинг наводно бил пронајден кујнски нож со сечило од 3,6 сантиметри, но полицијата се’ уште не ги уапсила напаѓачите. Шефот на SFPD, Бил Скот, одби да го открие мотивот за нападот и не сакаше да каже дали жртвата била цел или случајно избрана. Оваа година во Сан Франциско се случија 39 убиства.

По убиството на Ли се огласи извршниот директор на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск.

„Многу луѓе што ги познавам беа сериозно нападнати. Насилниот криминал во Сан Франциско е ужасен, па дури и ако напаѓачите бидат фатени, тие честопати веднаш се ослободуваат“.

А жителите на тој град се жалат дека криминалците веднаш се враќаат на улица.

„Никој не им може ништо. Секако дека се плашиме“, велат тие.

Ли, кој беше убиен, ја напушти областа Сан Франциско пред шест месеци и се пресели во Мајами, но се врати во градот поради деловен ангажман.

Следни Објави

Три години Сузана го барала исчезнатиот син: Кога изгубила надеж, добила повик кој променил сè 

Аутистичен тинејџер, кој пред речиси четири години без никаква трага исчезна од неговиот дом во Калифорнија, пронајден е жив во Јута. Замениците на Шерифот во округот Самит лани го пронајдоа Освалт запуштен и поспан во продавница. Откако полицајците го приведоа и му зедоа отпечатоци, го идентификуваа како лице чие исчезнување […]