fbpx

Девер ја уби снаата, изговори три збора, па се самоуби (ФОТО)

Мигена Синани (37) е убиена додека спиела во кревет со двегодишната ќерка. Со еден истрел од пиштол ја усмртил шурата Роланд Синани (43), кој потоа се самоубил.

Албанските медиуми ги објавија деталите за злосторството кое ја потресе Тирана. Според информациите, Роланд Синани се разбудил околу три часот по полноќ, по еден час влегол во спалната соба во која спиела неговата снаа и ја застрелал во градите.

Неговата мајка го слушнала истрелот и веднаш станала. Го видела својот син во ходникот кој во тој миг ѝ кажал само три збора: „Јас ја убив“. Потоа излегол во дворот и си пресудил пукајќи си во глава. Мајката веднаш го разбудила сопругот, а набрзо дошла и полиција.

Убиецот живеел во стан со родителите, со братот и со неговото семејство. Пет години не бил работно ангажиран бидејќи се лекувал од депресија. Наводно често се жалел од двете деца на брат му поради вревата што ја правеле и им викал дека не може да ги поднесе.

Соседите сведочат дека семејството Синани живеело во тешки економски услови. Откриваат дека пред само четири дена го прославиле 4-от роденден на постариот син на убиената.

„Братот на Роланд, Ерјони, работеше како таксист во трета смена, а Роланд понекогаш работеше во сервис за гуми. Мигена беше невработена, па Ерјони се грижеше за двете малолетни деца, како и за болните родители. Роланд со месеци се лекуваше од депресија“, раскажуваат соседите.

Медиумите ја пренесоа и изјавата која мајката ја дала во полиција. Според извештаите, таа рекла дека слушнала врисоци и кога влегла во собата каде спиела нејзината снаа, ја затекнала двегодишната внука како плаче покрај нејзината мртва мајка.

Полицијата со часови вршела увид на местото. Полициски извори велат дека Роланд немал дозвола за пиштолот со кој го извршил делото.

Следни Објави

Цвеќе кое носи среќа и благосостојба: Еве зошто се верува дека е магично за жените

Има едно цвеќе за кое се верува дека ѝ носи среќа на жената која го поседува. Се верува дека токму ова салонско цвеќе е одговорно за женската благосостојба. Ако ова цвеќе ѝ го подарите на немажена девојка, таа во најскоро време ќе доживее среќа на љубовен план. Ако ѝ го подарите […]