fbpx

Горан печел прасе за Велигден, па соседот извикал: Погледнале во дрвото, се случило ЧУДО

Горан Стевановиќ од местото Загорица кај Топола раскажа како во 2017 година се случило чудо за време на велигденските празници.

Додека со семејството печел прасе, како што тврди, на едно од дрвата се прикажал огнен крст.

„Велигден за мене традиционално е највеселиот празник кој го славам со семејството, а од дедо ми научив да печам прасе на овој ден. Порано нарачувавме, но оваа година баш сакав јас да го подготвам за најмилите. Спакувавме дрва, запаливме оган, а прасето го ставивме на ражен. Го оставивме во гаражата да се пече и излеговме надвор, а после еден час почна да врне и моравме да влеземе натре. Соседот само извика: Гледај, чудо!“, раскажува Горан.

Во истиот момент здогледал крст формиран од црвената жар.

„Бог е со нас, беше неверојатно! Се појави крст од огнот и гореше цели пет минути пред пламенот да се прошири. Па можеш и сто метра дрва да запалиш, па нема ова да се случи. Тоа е добар знак од Бога, тоа значи дека е овде со нас“, завршува тој.

Илустрација: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Утре е Цветници: Ова мора да го направите!

Во неделата пред најголемиот христијански празник Велигден славиме Цветници. Празникот е уште познат и како Цветоносна недела и Врбица. Тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим кога неговите ученици и симпатизери кршат цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека […]