fbpx

Доктор открива која грешка ја правиме кога пиеме кафе, а може да биде фатална

Утринските навики понекогаш знаат да бидат пресудни за тоа каков ќе ни биде денот, но и кога е здравјето во прашање. Се верува дека појадокот е најважниот оброк и многу е важно што тогаш внесуваме во организмот.

Потоа, пиењето кафе е еден од најважните ритуали на секој трет човек, а мислењата за омилениот пијалок се поделени. Додека некои веруваат дека може да го уништи црниот дроб, има експерти кои велат дека кафето може да биде многу корисно за здравјето доколку се консумира на одреден начин.

Доктор Петар Боровиќ во една ТВ-емисија откри каква грешка најчесто правиме кога е во прашање утринската рутина и објасни како тоа може да биде кобно за нас.

„Во раните утрински часови крвта е најгуста и поради оваа причина имаме најмногу инфаркти и мозочни удари во нашата земја и околината. Во раните утрински часови, повторувам, крвта е густа и телото очајно бара вода за да ја разреди. А, како нашиот свет го започнува денот? Нормално со кафе, а кафето е диуретик. Така, една шолја кафе исфрла седум пати повеќе вода отколку што истата содржи“, објаснува докторот.

Д-р Боровиќ зборува за следниов парадокс.

„На телото му е потребна вода за да ги измие ткивата, да се ослободи од токсичните материи. И наместо вода, луѓето внесуваат штетни материи, крвта станува уште погуста и се појавуваат низа проблеми. Да речеме жена има низок притисок со години, па лекарите ѝ кажуваат да пие кафе. Погрешно! Што се случува? Пие кафе, кафето ги стега крвните садови, го зголемува лачењето на хормоните на стрес, притисокот ѝ се зголемува и привремено се чувствува добро. Но, кафето е диуретик, водата наскоро ќе биде исфрлена од телото. Тоа го оптоварува срцето, ги оптоварува крвните садови и го оштетува телото“, објаснува тој.

„Сега внимавајте понатаму, сега организмот нема доволно течност во крвотокот и мора да ја повлекува течноста од ткивата, од артериите. И сега што по ѓаволите се случува? Тоа трае 10, 20, 30 години. Жената влегува во менопауза и сега повторно има проблеми со притисокот, но некако поинаку. Таа доаѓа на лекар и докторот ѝ вели: „Знаеш, имаш страшно висок крвен притисок? Таа му одговара: „Човеку, цел живот имам низок крвен притисок“. Што се случи? Непиењето вода предизвикува толку многу штета на телото и крвните садови. Зошто? Човекот е стар колку и неговите крвни садови. Со тоа што не пиела вода, ткивата околу крвните садови се оштетиле, крвните садови се оштетиле, станале тврди, кршливи и сега внимавајте на парадоксот-нема доволно вода во нејзиното тело. Но, за да не добие мозочен или срцев удар поради оштетените крвни садови, докторот е принуден да ѝ даде диуретик. И таа малку вода ќе се исфрли. И сега влегуваме во круг, водата сè повеќе се намалува, затоа нашиот народ вели: „Староста ќе те праша каде ти беше младоста!“

Следни Објави

Огромна тага! Загинаа Александар и Снежана: Неверување и шок по она што се случило

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Сириг-Ченеј, во правец кон Нови Сад, при што загина брачна двојка од Ада. Сите се простуваат од Александар (50) и Снежана Л. (49), а до трагедијата дошло кога пред нивното возило скокнала срна. „Возачот со намера да ја избегне, изгубил контрола, се […]