fbpx

Ново продолжение од потресното сведоштво на Лила: Вака почна сè!

Додека некои мислеа дека во Истанбул е на шопинг, таа беше на операција

Лила Филиповска неодамна во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“ првпат без заддршка проговори за канцерот на дојка, а сега на социјалните мрежи сподели фотографија и се присети како изгледала на само 30 минути пред зафатот кој го направи во Турција.

Нејзиниот нов инспиративен пост ви го пренесуваме во продолжение:

„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на „пред“ и „после“ оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка. Сосема спонтано направена од моја другарка, а сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики. И да.. оваа насмевка е искрена и многу зборува. Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не патот на лекување, туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии!

А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше!!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникот пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите и што имав закачено три дрена. Кога хирург како д-р Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се’ во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам, ама не се’ одеднаш. А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно, ама не заборавајте: светот ги памти само победниците!!!“.

Следни Објави

Зошто не се оперирала кај нас, кои таблети ќе ги пие со години.. Лила одговара на сите ваши прашања

Како се посомневала во болеста и дали претходно практикувала редовни прегледи? Зошто се одлучи за операција во Турција, а не овде кај нас? Во кој стадиум ѝ го откриле ракот и дали за време на хемотерапиите била на посебен режим на исхрана? Ова се само дел од сензитивните прашања на […]