fbpx

Огромна тага! Загинаа Александар и Снежана: Неверување и шок по она што се случило

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Сириг-Ченеј, во правец кон Нови Сад, при што загина брачна двојка од Ада.

Сите се простуваат од Александар (50) и Снежана Л. (49), а до трагедијата дошло кога пред нивното возило скокнала срна.

„Возачот со намера да ја избегне, изгубил контрола, се префрлил на левата лента, каде имало страничен контакт со камион. Двајцата починале на лице место“, вели извор за српски „Курир“.

Александар Л., кој управувал со возилото, за жал не успеал да го избегне камионот.

„Од силината на ударот свртеле во спротивната лента и десната страна на автомобилот се судрила со камионот кој доаѓал од спротивната насока“, вели истиот извор.

Страшна е сцената од местото на несреќата, речиси ништо не остана од автомобилот, коментираат луѓе кои случајно се затекле таму.

Следни Објави

Ново продолжение од потресното сведоштво на Лила: Вака почна сè!

Додека некои мислеа дека во Истанбул е на шопинг, таа беше на операција Лила Филиповска неодамна во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“ првпат без заддршка проговори за канцерот на дојка, а сега на социјалните мрежи сподели фотографија и се присети како изгледала на само 30 минути пред зафатот кој […]