fbpx

Андреј, Златко и Влатко се момчињата кои загинаа во Италија: Роднините со потресни сведоштва

Андреј Китанов, Златко Стоиловски и Влатко Илиев се момчињата кои вчера загинаа во сообраќајна несреќа во Италија.

Андреј и Златко се од Македонска Каменица, а Влатко од виничкото село Пекљани.

Влатко е татко на две малолетни дечиња и во Италија доаѓал на привремена работа. Тој пред две недели заминал да работи сезонски. Беше добро дете, израснал како сирак, заедно со неговите две сестри. Потоа се оженил и неговото семејство живее во Македонија, а тој доаѓа само за работа и се враќа, сведочат наши иселеници во Италија за „ММС“.

За истиот портал сведочи и братучед на Андреј. Вели дека го чувствувал како брат.

„Тој е единствено дете на родителите. Се видовме пред една недела, бидејќи не живееме во ист град,  јас сум во Алба, а тој во Асти. Но, често се гледавме. Андреј има и тројца вујковци тука. Не знам дали тетин ми и тетка ми ќе ја преживеат оваа загуба. Страдаа без него што дојде во Италија и ги остави сами, ама тој сакаше да работи во Италија. Златно дете беше, на сите помагаше и беше многу вреден. Како ангел. Сам дојде, сам се снајде, сам створи се’, и автомобил и мотор купи, и куќата на мајка му и татко му ја среди. Ние веќе во семејството имавме една трагедија, загина мојот брат во сообраќајка во Македонска Каменица, а сега и Андреј. Многу трагедии ни се случија во семејството’, раскажува Стоичко Стоиловски.

Златко, пак, заминал со брат му заедно за Италија. Тој го управувал возилото. Оние што го познавале, велат дека воопшто не пиел алкохол.

Целата сторија ја имате ОВДЕ!

Следни Објави

Трогателни посвети за легендарниот скопски бизнисмен: Аце, почивај во мир!

Нова тажна вест доцна во ноќта Почина бизнисменот Александар Маџаровски, еден од творците на македонската модна сцена, сопственикот на „Мак Џинс“. Уште еден урбан скопски лик засекогаш не’ напушти. Пријателите вечерва се простуваат од него со трогателни посвети. Меѓу нив и менаџерот Милорад Цајиќ-Цајо. „Последен поздрав до скопската легенда, сопственик […]