fbpx

Не му го знае името, но знае дека е татко на нејзиното бебе: Сара си ја отвори душата

Мрачен пресврт! Имала врска за една ноќ, па животот ѝ се искомплицирал засекогаш

Бремена жена побара помош на „Тик Ток“ со надеж дека ќе го пронајде момчето за кое верува дека ја „напумпал“ откако имале се*с за една ноќ. Нејзиниот апел собра повеќе од два милиони прегледи, но не очекуваше дека ќе ѝ кажат оти таткото на нејзиното бебе е мртов.

„Дали некој го познава овој човек од Глазгов?“, праша Сара Џејн Сноу (30) од Единбург кога ги замоли луѓето да ѝ помогнат.

Шкотланѓанката објасни дека таа и нејзиниот мистериозен љубовник се запознале за време на кратко патување на Канарските острови, инаку омилена дестинација за Британците, во првата недела од август 2022 година.

„Му се обраќам на момчето што го запознав во Тенерифе. Ќе станеш татко во април 2023 година“, напиша таа под фотографија на која е со мистериозен маж кој ја бакнува во образ, а со сликата објави и снимка од ултразвук.

@sarah.jayne.snow

Anyone know this guy from Glasgow I met in Tenerife 5/6th August, he works in Braehead Shopping Centre (or did, not sure anymore) #helpmefindhim #getthisonhisfyp #findhim #fyp #tenerife #glasgow #holiday

♬ Never Forget You – Noisettes

Таа ја означи својата објава со хаштагот #HelpMeFindHim кој е исклучително популарен на „Тик Ток“, меѓу другото и поради вакви случаи. Меѓутоа, наместо шанса да ја обнови нивната врска, Сара добила низа пораки во кои се тврди дека момчето се вика Стив и дека неодамна починал.

„Почивај во мир Стив, тоа беше сообраќајна несреќа“, стои во еден од коментарите.

„Стив! За жал, тој почина пред 2 недели“, напиша друг корисник.

„Во еден од моите последни разговори со Стив ми кажа дека едвај чека да стане татко еден ден. Летај високо другар, прерано замина“, е еден од најтрогателните коментари.

Сепак, идната мајка, како и многу корисници на „Тик Ток“ не беа убедени дека „Стив“ е навистина мртов, туку дека ова е или невкусна шега или обид да се избегне плаќање алиментација за непланираното дете..

„Ова е шега.. Веројатно не се вика Стив и веројатно не е мртов“, некој напиша.

Кога Сара ја прашале дали има некаков прогрес во потрагата по таткото на бебето, таа кратко одговори: „Не сум слушнала ништо од него, ниту од некој што го познава“.

Рекла и дека ги добила резултатите од ДНК-тестот и дека е сигурна дека на крајот, сепак, ќе го пронајдат момчето на сликата.

Следни Објави

Андреј, Златко и Влатко се момчињата кои загинаа во Италија: Роднините со потресни сведоштва

Андреј Китанов, Златко Стоиловски и Влатко Илиев се момчињата кои вчера загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Андреј и Златко се од Македонска Каменица, а Влатко од виничкото село Пекљани. Влатко е татко на две малолетни дечиња и во Италија доаѓал на привремена работа. Тој пред две недели заминал да […]