fbpx

„Нешто најодвратно што ми се случи“: Мирослав го викна колегата на скара, па жена му забремени-следуваа најлошите шест месеци во животот

Понекогаш е тешко да се избере „вистинската вистина“, односно да се верува во некоја верзија на приказната. Мирослав Клосе, најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, токму поради ова се најде на крстопат во својот живот

Мирослав Клосе веќе некое време се забавува како фудбалски пензионер, а сега се обидува да изгради име како тренер. До неодамна го предводеше Алтах во Австрија, но кон средината на март доби отказ.

Поголемиот дел од својата фудбалска кариера го помина во Баерн, откако играше за Вердер Бремен од 2004 до 2007 година. Меѓутоа, од тој период датира и неговата најголема животна и семејна криза.

Беше пролетта 2007 година кога во Бремен почнаа да кружат гласини дека неговата сопруга зад затворени врати се забавува со соиграчот Патрик Овомојел.

Овомојел отсекогаш бил женкар, му се препишуваа секакви приказни, а делумно и самиот ги подгревал со своите постапки кога постојано е во друштво на четири или повеќе дами.

Наводната покана на скара од страна на Клосе била сигнал за изневерување, но и за правење забави на кои учествувале повеќе девојки. Се шпекулираше дека Силвија е бремена со овој играч.

Сето ова веќе беше повеќе од тоа што во тој момент можеше Клосе да поднесе, па тајно договори трансфер со Баерн. Истиот беше потврден летото, а интересно е што со таа голема одлука набрзо ѝ поверувал на сопругата дека не била неверна.

„Сите тие лаги, таа кампања дека жена ми е бремена со мојот соиграч. Тоа е најлошото. Тоа е најодвратното нешто што ми се случи мене и на моето семејство“, изјави Клос во една прилика.

Немаше зла крв меѓу Овомојел и Клосе, иако неколку пати се сретнаа на теренот (за разлика од Вејн Бриџ и Џон Тери), германските медиуми пишуваа дека Силвија била и повеќе од уверлива дека немало измама. Силвија и Мирослав се заедно од 2004 година, а ни таа криза не ги натера да раскинат. Тие имаат близнаци, Ноа и Луан, кои наскоро ќе станат полнолетни.

Овомојел реши да се ожени со својата девојка Јосипа со која има две деца, а пред неколку години стана и амбасадор на Борусија Дортмунд. Во слободно време е рибар, но нема намера да стане тренер.

Следни Објави

Благословена бројаница за среќен пат: Никола кој боледува од рак замина за Турција

Нема родители, а сега ја води најважната животна битка Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово му посака среќен пат на Никола Ѓорѓиев, 19-годишното момче кое боледува од рак и за кого изминативе недели се споделуваа апели за помош на социјалните мрежи. „Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав […]