fbpx

Трогателни посвети за легендарниот скопски бизнисмен: Аце, почивај во мир!

Нова тажна вест доцна во ноќта

Почина бизнисменот Александар Маџаровски, еден од творците на македонската модна сцена, сопственикот на „Мак Џинс“.

Уште еден урбан скопски лик засекогаш не’ напушти. Пријателите вечерва се простуваат од него со трогателни посвети.

Меѓу нив и менаџерот Милорад Цајиќ-Цајо.

„Последен поздрав до скопската легенда, сопственик на еден од најдобрите бутици во Скопје „Мак Џинс“, творец на македонскиот бренд на фармерки „Мак Џинс“. Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце, скопска легендо и еден творците на македонската модна сцена“, напиша Цајо на „Фејсбук“.

„Мак Џинс“ со години наназад произиведуваше фармерки и тренерки со висок квалитет. Пред речиси една деценија компанијата започна да ги освојува и пазарите надвор од земјава.

Следни Објави

Македонската естрада се простува: Помагаше на секого, не можеше да не го сакаме сите

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на бизнисменот Александар Маџаровски, еден од творците на македонската модна сцена, сопственикот на „Мак Џинс“. Беше човек со идеи и амбиции, препознаваше квалитет и несебично им подаваше рака на младите пејачи кои своевремено сонуваа за големи кариери. Логото на неговиот бренд остана […]